Што е недостаток на железо?

Недостатокот на железо е една од најчестите нутритивни состојби во светот. Доколку не се препознае и коригира навреме, може да доведе до анемија предизвикана од недостаток на железо.

Најчесто се јавува кај жени во репродуктивен период, бремени и доилки, деца, постари лица и спортисти, но може да се појави и кај секој што не внесува доволно железо преку исхраната.

Железото е важна состојка на хемоглобинот и миоглобинот. Хемоглобинот овозможува транспорт на кислород низ телото, додека миоглобинот служи како резерва на кислород во мускулите. Затоа, железото има клучна улога во нормалното функционирање на организмот и во снабдувањето на клетките со кислород.

Кому му е потребно повеќе железо?

Потребите за железо се разликуваат во зависност од возраста, полот и животниот период.

Зголемен ризик од недостаток на железо имаат:

  • Девојчиња и млади жени по започнување на менструалниот циклус
  • Бремени жени
  • Доилки
  • Постари лица
  • Деца и адолесценти
  • Вегетаријанци и вегани
  • Лица со хронични заболувања или по хируршки интервенции
  • Спортисти и лица со интензивна физичка активност

Симптоми на недостаток на железо

Недостатокот на железо може да се манифестира со различни симптоми, како што се:

  • Замор и исцрпеност
  • Намалена концентрација и заборавеност
  • Нарушувања на сонот
  • Намалена физичка и ментална издржливост
  • Блед тен
  • Испукани усни
  • Кршливи нокти

Доколку овие симптоми траат подолго време, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Железото во секојдневната исхрана

Апсорпцијата на железото може да се подобри кога се внесува заедно со витамин Ц. Од друга страна, одредени состојки како растителни влакна, калциум, како и танините присутни во кафето и чајот, можат да ја намалат неговата искористливост.

Железото природно се наоѓа во:

  • Црвено месо
  • Џигер и други изнутрици
  • Мешунки
  • Интегрални житарки
  • Зелен лиснат зеленчук

Важно е да се знае дека железото од храната од животинско потекло генерално се апсорбира поефикасно отколку железото од растителните извори.

Кога е потребно тестирање?

Доколку се сомневате на недостаток на железо или припаѓате на ризична група, препорачливо е да направите лабораториски анализи и да се консултирате со здравствен работник.

Во периоди кога потребите за железо се зголемени, како што се бременост, доење или интензивна физичка активност, лекарот може да препорача дополнителен внес преку додатоци во исхраната доколку исхраната не е доволна за задоволување на потребите на организмот.

Железото придонесува за нормално создавање на црвени крвни клетки и хемоглобин, нормален транспорт на кислород во организмот, нормална функција на имунолошкиот систем и за намалување на замор и исцрпеност.

Препорачан производ

Доколку исхраната не обезбедува доволен внес на железо или доколку имате зголемени потреби за овој минерал, може да размислите за дополнителна поддршка со производи што содржат железо.

Флорадикс® Тоник со железо е течна формула со органско железо, витамин Ц и витамини од Б групата, додека Флорадикс® таблетите содржат железо и фолна киселина и претставуваат практична алтернатива за секојдневна употреба.

Флорадикс® тоник со железо и витамини
Флорадикс® таблети со железо и фолна киселина

Поврзани објави

Клучните вредности на Салус

Природно снабдување

Користиме исклучиво органски состојки од одржливи извори. Нашата целосна посветеност на природата е во срцето на секоја формулација.

Традиција и доверба

Повеќе од еден век искуство во истражување на билки и производство на природни здравствени производи. Традиција на која може да ѝ верувате.

Највисок квалитет

Производство според најстрогите германски и европски стандарди (GMP). Гарантираме чистота, безбедност и ефикасност на секоја серија.

Сила од природата