(Cynara cardunculus L., сем. Asteraceae)
Артичоката е повеќегодишно растение кое потекнува од Медитеранот, Канарските Острови и Јужна Америка. Препознатлива е по пересто расчленетите листови и големите цветни пупки, кои се берaт пред цветање. Пупките се користат како зеленчук, а сушените листови традиционално се применуваат за чаеви и дигестивна поддршка.
Зошто артичоката е толку ценета?
Листовите, цветните пупки и основата на цветот се богати со природни биоактивни соединенија:
● сесквитерпенски лактони (горчливи материи)
● кафеоилхински киселини
● флавоноиди (особено гликозиди на лутеолин)
Овој комплекс на активни материи е одговорен за главните корисни својства на артичоката.
Поддршка за дигестивниот систем
Артичоката природно:
● го поттикнува создавањето и протокот на жолчка
● помага при чувство на тежина и подуеност
● е корисна кај надуеност и неспецифични дигестивни тегоби
● се применува и кај синдром на иритабилно црево (IBS)
Благодарение на овие ефекти, артичоката е една од најпознатите растителни поддршки за здраво варење.
Природна поддршка за црниот дроб
Екстрактите од артичока покажуваат:
● антиоксидативно дејство
● хепатопротективно (заштитно) дејство врз црниот дроб
Во минатото, се сметало дека цинаринот е главната активна состојка. Денес е докажано дека корисните својства произлегуваат од целокупниот природен комплекс на флавоноиди и деривати на кафеоилхинска киселина – и затоа тој комплекс е клучен за квалитетот на препаратите.
Продуктите кои содржеа само цинарин веќе не се произведуваат.
Поддршка за природно ниво на холестерол
Лутеолинот – важен флавоноид во листот од артичока:
● ја инхибира продукцијата на холестерол во организмот
● го поттикнува излачувањето на мастите преку жолчката
Ова придонесува кон природна регулација на липидниот метаболизам.
Други примени
Освен во медицински препарати, екстрактите од артичока се користат и во:
● горчливи ликери (bitters)
● засилени вина
Благодарение на нивниот специфичен горчлив и ароматичен профил.






