Политика за купување

ПОЛИТИКИ ЗА ДОСТАВА, РЕКЛАМАЦИЈА, ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Датум на последна промена: 25 септември 2026


ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат преку интернет страницата SALUS-MK.COM. Производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од БЕТА ФАРМ ДООЕЛ на адресата која е наведена во нарачката, под следните услови:
  • Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката (или се пресметуваат согласно условите подолу).
  • Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било која локација, но испораката се спроведува исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
  • Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
  • Испораката на производите се врши на адресата за испорака наведена од страна на купувачот.

Има ли доплата за испораката?

  1. За нарачки со вредност под 1500 денари, доплатата за достава изнесува 170 денари.
  2. За нарачки со вредност од 1500 денари или повеќе, доставата е бесплатна.
Сите нарачки ќе бидат дистрибуирани во најкраток можен рок, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или застои во сообраќајот.
За секоја нарачка примачот на пратката ќе биде контактиран во текот на денот за достава. Доколку примачот не е достапен наведениот телефонски број, пратката ќе биде вратена во седиштето од каде што ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување.
Доколку лицето има барање за повторна дистрибуција на истата пратка, должи да ја плати услугата за повторна достава на самиот доставувач. Во случај на враќање на производи по желба на корисникот, трошоците за достава паѓаат на негов товар.
Секој купувач е должен при приемот на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања при транспорт, да утврди дали испорачаното целосно одговара на нарачката и во присуство на доставувачот да потврди дека производите се во добра состојба. Купувачот треба да ја пријави евентуалната рекламација веднаш на доставувачот.
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите. БЕТА ФАРМ ДООЕЛ не одговара и не заменува производи по приемот на пратката доколку производот не е во оригиналното пакување, оштетен е по вина на купувачот или е веќе употребуван.

ПОЛИТИКА ЗА РЕКЛАМАЦИЈА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на производите или поднесување на оправдана рекламација, купувачот е должен да се обрати преку контакт телефон или писмено преку адресата за е-пошта: info@salus-mk.com
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
  • Испорака на производи кои не се нарачани;
  • Испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба;
  • Испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања настанати при транспортот.
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна или оштетена, купувачот треба да реагира во истиот момент.
БЕТА ФАРМ ДООЕЛ не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е веќе употребуван.
Производот кој е неупотребуван и неотпакуван може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачување, заедно со приложената фискална сметка (или друг доказ за уплата во случај кога е платен онлајн или на сметка), при што истиот може да се замени со друг соодветен производ, со исклучок на лесно расиплива стока и производи за кои законски не е дозволено враќање (како одредени групи на фармацевтски производи или суплементи).

1. Како да поднесете барање за враќање

Барањето за враќање може да го испратите на:

Е-пошта: info@salus-mk.com
Телефон: +389 2 5113113

Во барањето наведете:

  • име и презиме;
  • број на нарачка;
  • телефонски број;
  • производ или производи што сакате да ги вратите;
  • причина за враќањето, доколку сакате да ја наведете;
  • фотографија од производот, кога се работи за оштетен, неисправен или погрешно доставен производ.

По приемот на барањето, ќе ви доставиме потврда и инструкции за адресата и начинот на враќање.*

*Не испраќајте производи без претходно да нè контактирате.

2. Состојба на производот што се враќа

Купувачот има право да го прегледа производот на начин на кој тоа би можел да го направи и во физичка продавница.

Производот треба да биде вратен:

  • со оригиналното пакување, кога тоа е применливо;
  • заедно со сметката, потврдата за нарачка или друг доказ за купувањето;

Купувачот може да биде одговорен за намалената вредност на производот доколку со него се ракувало повеќе отколку што е потребно за утврдување на неговата природа, карактеристики и соодветност.

3. Рок за испраќање на производот

Откако ќе нè известите дека се повлекувате од нарачката, производот треба да биде испратен или предаден без непотребно одложување, но не подоцна од 15 дена од денот кога е поднесено барањето за повлекување.

Препорачуваме да го зачувате документот или бројот за следење на пратката сè додека постапката за враќање не биде завршена.

4. Трошоци за враќање

Кога производот се враќа затоа што купувачот се премислил, непосредниот трошок за враќање на пратката е на товар на купувачот.

Доколку е доставен погрешен, оштетен или производ што не одговара на нарачката, трошокот за негово враќање е на товар на БЕТА ФАРМ ДООЕЛ.

Пратки испратени со откуп без претходен договор нема да бидат прифатени.

7. Обработка на повратот

По приемот на вратениот производ, ќе ја провериме неговата состојба и исполнувањето на условите наведени во оваа Политика.

Доколку враќањето е одобрено, средствата ќе бидат вратени без непотребно одложување, а најдоцна во рок од 15 дена од денот кога сме известени за одлуката за повлекување.

БЕТА ФАРМ ДООЕЛ може да го задржи повратот на средствата додека:

  • не го прими вратениот производ или
  • купувачот не достави доказ дека производот е испратен назад,

во зависност од тоа што ќе се случи прво.

ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

1. Начин на враќање на средствата

За нарачки платени со платежна картичка, средствата ќе бидат вратени преку истиот начин на плаќање и на истата картичка што била употребена при нарачката, освен ако со купувачот не е договорено поинаку.

За нарачки платени во готовина при достава, ќе го контактираме купувачот за да ги обезбеди потребните податоци за реализација на повратот.

Времето потребно средствата да се прикажат на сметката може да зависи од банката, платежниот процесор или издавачот на картичката.

2. Износ што се враќа

При одобрено враќање ќе биде вратена вредноста на производите што се предмет на враќањето.

Кога купувачот се повлекува од целата нарачка, ќе бидат вратени и трошоците за најевтиниот стандарден начин на достава што бил понуден, кога тоа е применливо.

Дополнителните трошоци што произлегуваат од избор на поскап или посебен начин на достава не се враќаат.

Трошокот за испраќање на производот назад не се враќа, освен кога се работи за погрешен, оштетен или несоодветен производ.

3. Законски права

Оваа Политика не ги ограничува законските права на потрошувачите што произлегуваат од Законот за заштита на потрошувачите и другите применливи прописи во Република Северна Македонија.

Доколку некоја одредба од оваа Политика е спротивна на задолжителна законска одредба, ќе се применува законската одредба.

ИЗМЕНИ НА ПОЛИТИКИТЕ

БЕТА ФАРМ ДООЕЛ го задржува правото да ги менува своите политики за достава, рекламација и враќање на производи и поврат на средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб-страницата SALUS-MK.COM.
Изменетата верзија ќе биде објавена заедно со датумот на последното ажурирање.

Контакт

За сите прашања, замени и барања за враќање можете да нè контактирате на:

Бета Фарм ДООЕЛ - Скопје

ЕМБС: 6670938
ЕДБ:
4080011518808

- Телефон: +389 2 5113113
-
Електронска пошта: info@salus-mk.com
- Адреса:
бул. Стојка Цекова бр. 62, комплекс Газела – Гази Баба, 1000 Скопје