Ако сакате да го дадете најдоброто од себе во спортот, важно е да ги слушате потребите на сопственото тело. Редовните тренинзи, разновидната исхрана и квалитетниот одмор се дел од добрата спортска рутина. Важно место има и железото, кое придонесува за нормален енергетски метаболизам, транспорт на кислород и намалување на заморот и исцрпеноста.
Железото е составен дел на хемоглобинот — црвениот крвен пигмент што го пренесува кислородот до клетките. Соодветната снабденост со железо е важна за секојдневната виталност, вклучително и при физичка активност.
Недостатокот на железо може да се одрази врз енергијата и физичката издржливост. Заморот, чувството на слабост и потешкото поднесување на вообичаениот напор можат да бидат знаци на недостиг, но имаат и други можни причини. Крвната слика и проверката на феритинот помагаат да се процени состојбата.
Исхраната е важен дел од спортската рутина
Кога оброците се насочени главно кон јаглехидрати за обезбедување енергија, важно е да не се запостават и изворите на железо. Месото, мешунките и зелениот лиснат зеленчук можат да бидат дел од разновидна и балансирана исхрана, а витаминот C ја подобрува апсорпцијата на железото од растителни извори.
Особено внимание на внесот на хранливи материи е потребно кога се ограничува количината на храна за одржување одредена телесна тежина.
Флорадикс® - поддршка на внесот на железо
Флорадикс® тоникот со железо е додаток во исхраната со железо, витамини, билни екстракти и овошни сокови. Железото придонесува за:
- Намалување на заморот и исцрпеноста.
- Нормален енергетски метаболизам.
- Нормално создавање црвени крвни клетки и хемоглобин.
- Нормален транспорт на кислород во организмот.
Неговата течна форма овозможува едноставно дозирање и лесно вклучување во секојдневната рутина. Произведен од Salus® во Германија, тоникот е без алкохол, лактоза, глутен и конзерванси.
За возрасни и лица над 15 години: по 10 ml двапати дневно, 30 минути пред оброк, според упатството на пакувањето. Пред употреба добро протресете и користете го мерниот чеп.
Грижата за добрата физичка подготвеност продолжува и надвор од тренингот - со соодветна исхрана, доволно сон и внимание кон потребите на организмот.
Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.




