Schoenenberger Mistel Bio
Органски сок од Имела, 200 ml
Додаток во исхрана
Вегетаријански
Без лактоза
Без конзерванси
Без бои
Без алкохол
Без глутен
Или порачај директно на:
Соковите од свежи растенија Schoenenberger ги развил фармацевтот Walther Schoenenberger, врз основа на сознанието дека само свежо цедениот растителен сок го содржи целиот спектар на активни состојки, таканаречениот „круг на активни состојки“. За таа цел се користи посебен процес на цедење, со кој нежно се извлекуваат сите активни состојки од растението.
Соковите од свежи растенија Schoenenberger не содржат алкохол ниту хемиски додатоци, како конзерванси или бои. Така, целиот спектар на активни состојки на растението е содржан во природна, растворена форма, која организмот лесно ја апсорбира.
Високиот квалитет на соковите од свежи растенија Schoenenberger се обезбедува и со тоа што свежите растенија потекнуваат претежно од сопствено контролирано органско одгледување или од собирање во природа. Бербата се одвива токму во моментот кога содржината на активни состојки во растението е оптимална. Брзата и нежна обработка гарантира дека соковите од свежи растенија Schoenenberger секогаш се одликуваат со извонреден квалитет.
Начин на употреба:
Протресете го шишето пред употреба. Користете мерна чашка.
Земајте 10 ml, 2-3 пати дневно пред оброк, неразредено или разредено со вода, сок од зеленчук или овошен сок.
Начин на чување:
Чувајте на место недостапно за мали деца. По отворањето, чувајте во фрижидер и употребете во рок од 2 недели.
- Овој производ не содржи алкохол, ниту хемиски конзерванси.
- За да се спречи ферментација на содржината, по секоја употреба - шишето треба веднаш добро да се затвори.
- Се чува во фрижидер-исправено.
- Да се употреби во рок од 2 недели по отварањето.
- Чувајте го подалеку од дофат на мали деца.
- Неотвореното шише да се чува на ладно, суво место (5–25 °C).
Вода, свежа органска имела (Viscum album) (33%).**
**Од контролирано органско одгледување.
| Просечна нутритивна вредност | во 100ml | во 20ml | во 30ml |
|---|---|---|---|
| Енергија | 17 kJ / 4 kcal | 3 kJ / 1 kcal | 5 kJ / 1 kcal |
| Масти од кои заситени масни киселини |
<0.5g <0.1g |
<0.5g <0.1g |
<0.5g <0.1g |
| Јагленохидрати од кои шеќери |
<0.5g <0.5g |
<0.5g <0.5g |
<0.5g <0.5g |
| Протеини | 0.5g | 0.5g | 0.5g |
| Сол | 0.01g | 0.01g | 0.01g |
| Свежа Имела | 54g | 11g | 16g |
Содржината на сол се должи исклучиво на присуството на природно содржан натриум.
Ова пакување содржи 6-10 дневни дози, во зависност од препорачаната количина за консумирање.
