Шолја топол чај е многу повеќе од напиток. За многумина таа е мал секојдневен ритуал - момент за себе, кратка пауза во текот на денот или едноставно можност да уживаме во вкусот и аромата на внимателно избрани билки.
Билните чаеви со векови се дел од традиционалната употреба на растенијата, а и денес имаат свое место во современиот начин на живот. Разновидноста на билки, плодови и зачини овозможува да избереме различни комбинации во зависност од периодот од животот, моментот во денот или едноставно вкусот што ни одговара.
Зошто да го вклучиме билниот чај во секојдневието?
Една од наједноставните причини е хидратацијата. Покрај водата, незасладениот билен чај може да биде уште еден начин да внесеме течности во текот на денот.
За разлика од класичниот црн или зелен чај, билните мешавини вообичаено не содржат кофеин, освен доколку во нивниот состав нема состојка што природно го содржи. Затоа, во зависност од составот, во нив може да се ужива во различни периоди од денот.
Но чајот има и нешто што не се мери само со неговиот состав. Самото подготвување - загревањето на водата, аромата на билките и неколкуте минути додека чајот отстојува - може да стане мал ритуал и момент посветен на себе.
Salus® билни чаеви - за различни моменти и животни периоди
Во Floradix Македонија, понудата на Salus® органски чаеви вклучува внимателно создадени билни мешавини со различен карактер и намена.
Frauentee - Органски чај за жени
Билна мешавина од специјалната линија чаеви за жени на Salus®, создадена со внимание кон женскиот организам и различните фази од животот. Има освежувачки, хармоничен карактер и нежна арома на лимонска мирта.
Cistus Minze - Органски чај со цистус и нане
Комбинација од цистус и освежувачко нане, со фина нота на нане надополнета со благо горчливиот карактер на цистусот. Дел од линијата Salus® Kraft der Natur.
Schwangerschaftstee - Органски чај за бременост
Специјално создадена билна мешавина за периодот на бременоста, како дел од Salus® специјалната линија чаеви за жени.
Fastentee - Органски чај за постење
Билна мешавина создадена како придружник во периодите на постење, со внимателно избрани растителни состојки.
Neuro Balance - Органски чај од ашваганда
Билна мешавина со ашваганда, пасифлора и маточина, дополнета со витамин C од ацерола. Витаминот C придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и нормална психолошка функција.
Rückbildungstee - Органски чај за постпородилен период
Дел од специјалната линија билни чаеви за жени, наменет за периодот по породувањето.
Multi Vitamin - Чај со 10 витамини
Овошен чај со витамини, со богат овошен карактер – избор за оние кои сакаат ароматичен чаен ритуал дополнет со витамини.
Wechseljahretee - Органски чај за менопауза
Внимателно избрана мешавина од билки од Salus® специјалната линија за жени, создадена за периодот на менопаузата.
Одберете го чајот што одговара на вашиот момент
Утринска шолја со свежа арома, кратка пауза во текот на денот или топол чај во мирна вечер - не е потребна посебна причина за да создадеме мал ритуал за себе.
Со внимателно избрани билки и долгогодишното искуство на Salus® во светот на лековитите растенија, секоја мешавина носи свој карактер, арома и приказна.
Понекогаш се потребни само топла шолја, неколку минути и малку време за себе.

















