Флорадикс® Витамин Б комплекс
Течна минерална формула 250 ml
Додаток во исхрана
Вегетаријански
Без лактоза
Без конзерванси
Без бои
Без алкохол
Без глутен
* Ќе бидете пренасочени кон онлајн
продавницата Saludera.com
Или порачај директно на:
Флорадикс® Витамин Б комплекс содржи витамини на Б-комплекс кои се вклучени во мноштво важни метаболички процеси во телото и значително придонесуваат за општо здравје и благосостојба. Дневната доза од 20 ml го обезбедува телото со доволни количества на витамини Б1, Б2, ниацин, Б6, биотин и Б12.
Витамините Б1, Б2, Б6, Б12 и ниацинот придонесуваат за нормално енергетски покриен метаболизам и нормална функција на нервниот систем. Витамините Б2, Б6, Б12 и ниацинот придонесуваат за намалување на замор и исцрпеност.
Покрај тоа, витаминот Б1 придонесува за нормална функција на срцето. Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
Биотинот и ниацинот придонесуваат за нормална кожа и психолошки функции. Флорадикс® Витамин Б комплекс содржи портокал и маракуја кои што му даваат на производот овошен вкус, што го прави течна алтернатива со пријатен вкус во однос на конвенционалните витамин-Б-комплекс таблети. Флорадикс® Витамин Б комплекс е погоден за вегетаријанци, вегани и алергични на лактоза и глутен.
Добро протресете го шишето пред употреба. Не се препорачува производот да се пие директно од шише. Користете го приложениот мерен чеп. Се зема пред оброк.
Деца 3–6 години: 5 ml на ден.
Деца 7–14 години: 10 ml на ден.
Возрасни и деца од 14 години па нагоре: 20 ml на ден.
_______
- Пакувањето содржи 12 дневни дози од 20 ml.
- Препорачаните дневни дози не смеат да се пречекорат.
- Додатоците во исхраната не се замена за правилна и урамнотежена исхрана.
- Секогаш поддржувајте и практикувајте здрав начин на живот.
- Овој производ не содржи алкохол, ниту хемиски конзерванси.
- За да се спречи ферментација на содржината, по секоја употреба - шишето треба веднаш добро да се затвори.
- Се чува во фрижидер-исправено.
- Да се употреби во рок од 4 недели по отварањето.
- Чувајте го подалеку од дофат на мали деца.
- Неотвореното шише да се чува на ладно, суво место (5–25 °C).
Воден билков екстракт (45%) од: ајдучка трева, поточарка, лист од спанаќ, лист од маслинка, корен од галангал, корен од ѓумбир, лушпи од шипинка. Мешавина од концентрати од овошни сокови и овошно пире (38%) од: круша, кајсија, портокал, маракуја, лимон, со екстракт од рогач, природни ароми, екстракт од јаболко. Вода, згуснувач: гума од рогач; никотинамид (ниацин), рибофлавин-5′-фосфат, натриум (витамин Б2), тиамин хидрохлорид (витамин Б1), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6), биотин, метилкобаламин (витамин Б12).
| Нутритивни вредности: | ||
|---|---|---|
| во | 100 ml | 20 ml |
| Енергетска вредност | 410 kJ / 97 kcal | 82 kJ / 19 kcal |
| Масти од кои заситени масни киселини |
< 0,5 g < 0,1 g |
< 0,5 g < 0,1 g |
| Јаглени хидрати од кои шеќер |
23 g 19 g |
4,6 g 3,8 g |
| Протеини | 1,2 g | < 0,5 g |
| Сол* | 0,04 g | 0,01 g |
*Содржината на сол се должи исклучиво на присуството на природен натриум во самите билки.
| во | 20 ml | % NRV** / 20 ml |
|---|---|---|
| Витамин Б1 (тијамин хидрохлорид) | 1,1 mg | 100 |
| Витамин Б2 (рибофлавин натриум фосфат) | 1,4 mg | 100 |
| Витамин Б3 (никотинамид) | 16 mg NE | 100 |
| Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) | 1,4 mg | 100 |
| Витамин Б7 (биотин) | 50 µg | 100 |
| Витамин Б12 (Метхилцобаламин) | 2,5 µg | 100 |
| **NRV: Референтна вредност на хранливи материи | ||
